(Видео) Јакимовски: Место да трчаме кон Европа треба да потпишеме договори за слободна трговија со Кина, Јапонија и Велика Британија

t

Во вечерашното издание на Тешки муабети на Инфомакс, Стевче Јакимовски, зборувајќи за евроинтеграцијата на Македонија и блокадите од Бугарија, истакна дека треба да ставиме крај на преговорите и да се фокусираме на воспоставување на билатерални односи само со оние евроспки и светски земји кои ни се од интерес за економски просперитет на земјата.

„„Велика Британија излезе од Европска Унија. Зошто ние со Велика Британија не си потпишеме специјален договор?
Нам, на Македонија, битни држави од Европа ни се Германија, Италија, Франција, и до некаде Австрија. Што за Македонија е битна Летонија, или Естонија? Што е за нас толку битна Данска, Шпанија, Португалија, што е толку битна Словачка, Полска. Овие три четири земји, со нив специјални договори да потпишеме, и тоа е тоа.“, вели Јакимовски, додавајќи дека Европа е диктатура на големиот капитал и дека економските проблеми во Македонија започнале токму со отварањето на пазарите со Европа.

Митовски додаде дека специјални договори треба да се потпишат и со Кина, или Јапонија, да се укинат царинските давачки да се воведе слободна трговија.

„Ако ние ги намалиме царините, ќе видиме какви возила ќе вози народот. Ќе ги возат тие што се поевтини, со поевтини делови. И не само тоа, да ве прашам, кога последен пат сте јаделе путер од „Благој Ѓорев“, Велес?
Јадеме само странски путери. Ќе видиме дали ќе пиеме мегле млеко или битолско. Многу работи ќе се променат. Прашање е дали ние тука ќе изгубиме нешто или ќе добиеме и дали со тие царини ќе го кренеме нашето стопанството, затоа што со вакво, ние дишеме на шкрги и цели време ние трчаме кон Европа, а јас сум убеден дека бенефитите не се толку големи колку што ние ги очекуваме, освен оној бенефит да наши луѓе одат во Европа. Ама ние сите немаме намера да одиме во Европа да работиме, мојот син не сака да оди во Европа. Тоа не значи дека за тие што сакаат да одат да работат во Европа, но ние треба да ја уништиме државата, да уништиме идентитет, јазик и култура. Значи има и други вредности коишто треба да се штитат“, појаснува Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…