(Видео) Јакимовски претпоставува: ЕУ и НАТО може да воведат санкции за Србија поради нејзината неутралност

Во Тешки муабети вечерва се зборуваше за определбата на Македонија да ја поддржи Украина, односно партените од НАТО, а со тоа да се најде на листата непријатели на Русија.
Јакимовски искоментира дека тоа е дел од обврските кои ги носи членството во НАТО, а тој истакна и дека можно е ЕУ и НАТО да воведат санкции за соседна Србија доколку остане неутрална.
“Ќе треба сериозна економска политика и мислам дека тука треба да се вклучат и власт и опозиција и сите експерти, за да се спречи економска катастрофа во Македонија.
Заземавме страна затоа што сме членка на НАТО, а со тоа си доаѓаат и обврски. Имаме и придобивки ама еве ги сега и обврските.
Јас на времето бев против членството во НАТО заради ваквите обврски ама тешко е и да си воено неутрален.
Еве земете ја на пример Србија, која се обидува да остане неутрална ама скоро ќе дојде ден кога ЕУ и НАТО ќе ѝ кажат ако сака да биде со нив да се вклучи во санкциите, ако не можеби и таа ќе биде дел од следните санкции како Белорусија.” – вели Јакимовски.
Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=324696106302991¬if_id=1647030651573940¬if_t=live_video_explicit
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шамар од Холандија за Украина: Далеку сте…
Малку е веројатно дека Украина ќе добие…
Пендаровски и Вучиќ разговарале за “братските односи…
Претседателите на Македонија и Србија, Стево Пендаровски…
“Утеха” од Милановиќ: Нема да бараме Србите…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека,…
Пендаровски и Вучиќ ја поздравија одлуката на…
Претседателот Стево Пендаровски на Економскиот форум во…
Гореше небото над Белград, а еве и…
Навивачите на Црвена Звезда ја прославија 33.…