(Видео) Јанушев обвинува: Нема никакви докази за “Дизајн” – Ова е политички прогон пуштен на најјако

t

Поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник, Игор Јанушев, денеска објави дека политичкиот прогон за неистомислениците на власта продолжува и е пуштен на најјако.

Јанушев обвини дека истрагата за предметот Дизајн траела 4 години после што е покрената постапка.


Јанушев тврди дека во предметот нема никакви докази кои ја потврдуваат неговата вина.

Во предметот Дизајн, Јанушев е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување за време на неговоро директорување во ЈСП.

Го пренесуваме ставот на Јанушев во целост:

“Политичкиот прогон продолжува … последниот период “пуштени” на најјако – закани, уцени, манипулации … и како не, кога еден предмет немаше да имаат “затворено” да не изнудеа признанија!

Согласно Закон, истрагите треба да се завршат за 6 месеци, а роковите може да се продолжат до 12 и 18 месеци за покомплексните случаи.

Во овој предмет покренато е обвинение после речиси 4 години водење на истрага со што е постапено спротивно на правното мислење на Врховен суд и спротивно на одредбите од Законот за јавно обвинителство.

Имено, истрагата за предметот „Дизајн“ е отворена на 11.10.2018 година од СЈО, а Обинителниот акт е поднесен на 30.06.2021 година – 3 години 8 месеци и 19 дена по отпочнување на истрагата.

Она што е исто така интересно и индикативно е дека во прилог на обвинението не постојат т.н. бомби, па се поставува прашање кои се тие индиции по кои СЈО ја водело постапката?!?Нема кражба – како во други случаи каде по 300.000 € се краделе … нема рекет – како во други случаи кога се рекетирани милионски суми … нема корупција, нема криминал … не обвинуваат дека, внимавајте – сме се договориле да фаворизираме една фирма да го добие тендерот!?!

А, притоа никаде, ама апсолутно никаде не е наведено во Обвинителниот акт како тоа сме го направиле, кое дејствие сме го превзеле … понатаму нема никаков доказ, ни материјател, ни изјава од сведок дека некој со некого се договарал! Зошто? Затоа што такво нешто не постои – да не беше така до сега сите ќе го видевме и слушневме тоа – бидејќи, нели, така работи ова политички инструирано обвинителство!

Целиот предмет во обвинителниот акт се заснова на изјави на сведоци, кои се дадени уште во периодот на отварање на постапката, односно во текот на 2018 година, и логично се наметнува прашањето зошто Обвинителството чекало речиси 4 години за да го поднесе Обвинението кое се заснова на истите изјавите од истите сведоци од 2018година?

Затоа на почеток реков дека во овој случај единствено нешто што има е политика и политички прогон!” – стои во објавата на Јанушев.

Линк од изјавата на Јанушев: https://fb.watch/bF_0gb9h-H/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ