Објавено на:

(Видео) Њујорк Тајмс: Вака Путин 20 години си игра со Западот

t

Њујорк Тајмс објави компилација од снимки и напис во кој, како што пишуваат, се гледа како изгледале годините на Путиновата измама и замајувањето на западните лидери.

Снимките од меѓународните состаноци и говори во изминатите 20 години покажуваат дека Владимир Путин е срдечно примен од светските лидери, вклучувајќи го и поранешниот британски премиер Тони Блер и поранешниот американски претседател Џорџ Буш.


„Дури и едноставно да одлучија да му дадат шанса за политички цели, тие преземаа ризик од историски размери – биди фин со Путин и можеби тој убаво ќе ти врати“, пишува Адам Вестбрук. „Иако е дискутабилно дали западните влади можеле да ги предвидат крвавите визии на Путин, да бидеме јасни за една работа: личната дипломатија не функционира кога ви е најпотребна“, продолжува Вестбрук.

Додека беше на власт, Буш рече за Путин: „Утврдив дека е многу отворен и доверлив. Можев да ја почувствувам неговата душа. Немаше да го поканам на мојот ранч ако не му верувам“.

Во исто време, Блер рече: „Улогата што Русија ја одигра во меѓународната заедница од 11 септември е извонредна“.

Додека претседателот на Франција, Никола Саркози го опиша Путин како „многу интелигентен“. За време на неговото претседателствување со Соединетите држави, Барак Обама ја пофали „извонредната“ работа што Путин ја направи за својот народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова пукотница во Њујорк: Загина еден маж…

Во пукотницата во понеделникот рано наутро на…

Дуда: Запрепастен сум од преговорите помеѓу Путин,…

Запрепастен сум од сите разговори со Путин,…

Њујорк со нови ограничувања за набавка на…

Гувернерката на американската сојузна држава Њујорк, Кети…

Путин му го плесна: Погрешната политика на…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…

Дали се согласувате со Трас – Путин…

Министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство…