Објавено на:

(Видео) Ќе посегне ли Путин по нуклеарното оружје? “Авионот на судниот ден” забележан над Москва

t

Специјалниот авион на Владимир Путин, наречен „Авион на судниот ден“, кој му овозможува да продолжи да владее со Русија дури и во случај на нуклеарна војна, е виден како лета низ Москва во последните денови.

На видеото се гледа како Иљушин Ил-80 поминува ниско над периферијата на градот, откако се појавија сомневањата дека Русија можеби посегнала кон нуклеарно оружје поради конфликтот во Украина, пишува Дејли Мејл.

Сепак, руските власти објаснуваат дека авионот ќе учествува на годишната парада на Денот на победата на Црвениот плоштад на 9 мај и дека деновиве вклучен во пробите за манифестацијата.

Огромното летало од советската ера – кое нема прозорци освен во пилотската кабина и е познато и како „Летечкиот Кремљ“  не е видено на прославите на Денот на победата од 2010 година.

Неговото повторно појавување можеби е знак дека Путин сака да испрати предупредувачка порака до Западот, коментираат западните медиуми.

Во рамките на демонстрацијата на руската нуклеарна подготвеност, стратешките носачи на ракети Ту-95МС и Ту-160 „Белиот лебед“ ќе бидат дел од изложбата. Ќе бидат прикажани и петтата генерација ловци Су-57 и бомбардери со долг дострел Ту-22М3, според најавите од Москва

Руското Министерство за одбрана потврди дека осум Ми-29СМТ ќе летаат во форма на буквата „З“ како поддршка на руските војници кои учествуваат во „специјалната воена операција“ во Украина, како што Кремљ ја нарекува де факто војната во соседната земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев потврди: Сите членови на екипажот на…

Сите членови на екипажот на украинскиот транспортен…

“Бела материја” забележана на местото на падот…

Од рано утринава почнаа истрагите на властите…

Пренесувал муниција, осуммина се загинати: Детали за…

Српскиот министер за одбрана Небојша Стефановиќ денеска…

(Видео) Драматична снимка: Руски авион се урна…

Авион „Антонов“ од руско производство вечерва се…

Се урна авион во Грција: Ова се…

Околу 23 часот по локално време се…