Објавено на:

(Видео) Џонсон на Самитот Г7: Мора да им покажеме дека сме посилни од Путин

t

Денеска беше одржан Г7 самитот во замокот Елмау, Германија, каде што се разговараше за идните цели на овие 7 најразвиени земји. Во текот додека снимаа камерите беше фатено како се пошегуваа на сметка на Путин.

Британскиот премиер, Борис Џонсон праша „можеме ли да се соблечеме?“ и доби одговор од неговиот канадски колега, Џастин Трудо „да почекаме да заврши фотографирањето“. Потоа следеше духовита реакција од Џонсон „мора да им покажеме дека сме посилни од Путин“, а Трудо го потенцира јавање на коњ без маица, мислејќи на познатите фотографии од Путин на неговиот одмор во Сибир.

Во разговорот се вклучи и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен“ со коментар „јавањето е најдобро“, на што Џонсон одговори дека и тие „мора да ги покажат градите“.

Овие коментари останаа помеѓу споменатите лидери, а останатите очигледно не беа расположени за шеги на сметка на рускиот претседател, Владимир Путин.

Видеото може да го погледнете:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Г-7 сака да ги забрани руските дијаманти

Групата од седум најголеми економии во светот…

(Видео) Возбудлив говор на Урсула во ЕУ…

За време на говорот на Урсула Фон…

Ким Јонг Ун: Северна Кореја ќе ѝ…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун му ветил на…

Путин и Ким се ракуваа: Русија ќе…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва…

Путин: Трамп е жртва на политички прогон

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…