Објавено на:

(Видео) Џонсон “ненадејно” го посети Киев и “ненадејно” се сретна со Зеленски

t

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ненадејно го посети Киев, каде се сретна со украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Ова е втора посета на Џонсон на Киев од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари.

По средбата, Џонсон и Зеленски го посетија плоштадот „Михајливска“ во украинскиот главен град, каде британскиот премиер им се обрати на граѓаните со зборовите: „Украина, ве поддржуваме“.

„Велика Британија понуди да започне голема операција за обука на украинските вооружени сили, со потенцијал за обука на илјадници војници“, соопшти кабинетот на Џонсон.

Британскиот премиер денеска требаше да учествува на голем самит во Донкастер, но во последен момент откажа и замина во Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џонсон: Путин да беше жена, што очигледно…

Рускиот претседател Владимир Путин немаше да ја…

Зеленски до фестивалците на Гластонбери: Проширете ја…

Покрај сите светски имиња како Били Ајлиш,…

Зеленски: Ова е победа, чекавме 120 дена…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече „победа“…

(Видео) Зеленски: Утре започнува историска недела, ќе…

Мислам дека на сите им е очигледно…

(Видео) Се додека сте живи постои силен…

По враќањето од фронтот на југот на…