(Видео) Aрсовска за Универзална сала: Тоа е проект на Владата тие треба да обезбедат средства

t

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска рече дека узведувачот на реконструкцијата од надворешниот дел на Универзална сала во текот на својата работа направил, односно генерирал непредвидени трошоци.

– Градот Скопје не се јавува како инвеститор и ние не бараме повеќе средства за изградба на Универзалната сала. Лицето кое го изведува проектот вели дека има непредвидени трошоци и тој бара поголема сума која Градот ја нема, а Владата треба да ја обезбеди, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Таа напомена дека Градот Скопје нема никаква вина во тоа што се случува ниту има каков било удел во делот на трошоците кои што ги генерирал на лице место изведувачот.

– Тој бара поголема сума која Градот ја нема, а сума која што Владата треба да ја обезбеди, затоа што иницијално таа беше онаа која ја обезбеди и првичната сума за изградба на Универзална сала – истакна Арсовска на денешната прес-конференција во одговор на прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…

Владата најави ново задолжување од 700 милиони…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…

Акиов и се извини на службеничката за…

По насилниот инцидент на денешната седница на…

Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…

45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…