(Видео) Kpим нema никогаш да се врати: По изјава за Русија и Украина, Koмандантот на германската морнарица поднесе ocтавка

Командантот на германската морнарица, заменик-адмиралот Кеј-Ахим Шонбах поднесе оставка поради коментарите што ги даде за Украина. Тој рече дека идејата дека Русија сака да ја нападне Украина е бесмислена и додаде дека сè што сакал Путин е почит и дека Крим „никогаш нема да се врати“.
Неколку земји ѝ доставија оружје на Украина, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство. Но, Германија го одби барањето на Украина за муниција. Русија ги отфрли тврдењата дека има намера да ја нападне Украина.
Но, претседателот Владимир Путин упати барања до Западот за кои вели дека се однесуваат на руската безбедност, вклучително и спречување на Украина да се приклучи на воената одбранбена алијанса НАТО.
Тој, исто така, сака НАТО да се откаже од воените вежби и да престане да испраќа оружје во Источна Европа, сметајќи го тоа како директна закана за безбедноста на Русија.
Во меѓувреме, Обединетото Кралство го обвини Путин дека планира да постави промосковска фигура на чело на украинската влада.
Шонбах во саботата рече дека поднесува оставка од својата функција „со моментален ефект“ за да „спречи дополнителна штета“. Тој го коментираше ова додека во петокот зборуваше на тинк-тенк дебата во Индија, а видеото подоцна беше објавено на социјалните мрежи.
Во видеото, Шонбах вели дека Западот мора да го третира Путин како рамноправен. „Лесно е да му се даде почитта што навистина ја бара, а веројатно и ја заслужува“, рече тој.
Во однос на прашањето за Крим, командантот на германската морнарица смета дека „полуостровот веќе го нема“ и „никогаш нема да се врати – ова е факт“.
Here’s the video that led to the resignation of the German navy chief (part 1/2)
pic.twitter.com/bWIVkyHAwy— Mathieu von Rohr (@mathieuvonrohr) January 22, 2022
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„ЕКОНОМИСТ“ ГИ АНАЛИЗИРА НОВИТЕ ОКОЛНОСТИ: За првпат…
За првпат откако изврши вооружена агресија врз…
ОД СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ИМА РАСПОЛОЖЕНИЕ ДА НЕМА…
Успешна лидерска средба значи дека политичките партии…
Пет лица се приведени: Полицијата се сомнева…
Пет лица се приведени во врска со…
(Видео) Може ли Македонија да произведува тенкови?
Македонија започнува со сериско производство на дронови,…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНО: Македонија започнува со сериско производство…
Македонија започнува со сериско производство на дронови…