Викендов над 51.000 патници поминале низ ГП Табановце
Над 51 илјади патници влегле и излегле од ГП Табановце изминатиов викенд, соопштија денеска од МВР.
Според податоците од преминот од 13 до 16. јануари, годинава до пладне низ преминот поминале 51.515 патници. Од нив на преминот влегле 11.707, а излегле 21.701 македонски државјанин. Влез оствариле 8.289 странски државјани, а во истиот период излегле 9.818 лица, странски државјани.
– Најголем наплив на патници и возила имаше на 15-ти јануари годинава од 15:00 до 18:00 часот, соопштија за МИА од ГП Табановце.
Во моментов на ГП Табановце редовно се одвива сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
29 лица се во притвор по вчерашните…
Со наредба на Вишото јавно обвинителство во…
Затвореник од Идризово крадел во Куманово за…
На 28.06.2025 во Куманово, полициски службеници од…
Левица: Власта упорно избегнува дециден одговор –…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, повторно го…
Телефонски разговор меѓу директорите на ЦИА и…
Директорот на руската служба за надворешно разузнавање,…
ДУИ: Албанците нема да прифатат да бидат…
„Уште во 2022 година, лидерот на опозицијата,…