Викендов ќе се знае дали учениците од понеделник ќе започнат со настава – Владата одлучува за барањата на СОНК

t

Наставниците и професорите 5-ти ден штарјкуваат, СОНК и Владата преговараат, ама договор нема. Викендов ќе се знае дали учениците од понеделник ќе се вратат во училиште.

Дали ќе запре или ќе продолжи штрајкот и кога децата ќе се вратат во училиште од СОНК најавија дека ќе одлучуваат во текот на викендот, односно за евентуален позитивен одговор треба да гласаат барем 51% од членовите. Владата и СОНК седнаа на иста маса, но ништо не се договорија. Она што е сигурно е дека во викендов остануваат во комуникација за да се најде прифатливо решение за одредено зголемување на платите во образованието. Конкретен предлог од Владата за раст на платите ниту денеска нема.


Добивме некои информации кои не се врзани со тврдо утврдување на процент. Не можам да излезам со конечна одлука. Еве во текот на денот Советот на СОНК ќе работи, и до недела на вечер се ќе се знае што ќе биде договорено, и ќе се знае дали ќе прекине штрајкот, вели по состанокот со Владата, Јаким Неделков, претседателот на СОНК.

На состанокот во Владата се разговарало веднаш да започне дијалог, со активно учество на синдикатот, за трајно решавање на континуираниот раст на платите.

Владата, истакна на состанокот премиерот Димитар Ковачевски, е отворена за дијалог за постигнување систем за раст на платите кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства и со кој ќе се обезбеди модел за раст на платите во јавниот сектор, кој како со договорот за минималната плата, ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот, стои во соопштението.

Во меѓу време, во дел од основните училишта на разговори одат заменски наставници, во случај штајкот да продолжи. Просветарите се надеваат дека ќе се најде решение во текот на викендов.

Уште во текот на денот ни испратија листа со заменски наставници, ние ги исконтактиравме, добар дел од нив, но интересот е навистина слаб, рече директорката на О.У. Мирче Ацев од скопската населба Ѓорче Петров.

Ни случајно тие наставници можат да ги заменат сегашните, особено оние во одделенска настава, зашто тие се врзани со учителката, и не може тоа така да се прави. Ова е апел до власта да не прават притисок, зашто штрајкот може да се радикализира, велат наставници за Алфа.

Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека го почитува правото на штрајк, но дека синдикалното раководство треба да му даде предност на социјалниот дијалог и додека тој трае, редовната настава да продолжи.

СОНК бара од владата зголемени плати за 18,4% согласно зголемениот минималец, но колку ќе понуди Владата ќе се знае викендов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добра вест: Наставниците ќе земат цела плата…

Прифатени се сите препораки на посредникот кој…

Ковачевски го поздрави договорот меѓу СОНК и…

Премиерот Димитар Ковачевски го поздрави договорот за…

НАЈНОВА ВЕСТ: Се договорија СОНК и МОН…

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, вечерва…

Следува нов штрајк? Се уште нема договор…

Министерството за труд и социјална политика и…

СОНК и МОН оптимисти дека утре ќе…

И СОНК и министерот за образование оптимисти…