Вимблдон го менува начинот на прогласување на имињата на шампионите

Организаторите на најстариот Грен слем турнир, на нешто повеќе од еден месец пред почетокот на натпреварувањето во предградијата на Лондон донесоа нова одлука околу начинот на објавување на имињата на шампионите.
Според одлуката, Британците одлучија од оваа година да нема префикси за шампиони и шампионки (господин и г-ѓа), туку имињата на шампионите ќе бидат напишани исклучиво со името и презимето, пишува „Тајмс“.
Како што се наведува, причина за ваквата одлука е модернизацијата. Вимблдон на тој начин ќе го смени правилото кое е на сила од 1884 година.
Исто така, досега беше пракса да се пишуваат иницијали од презимињата на сопрузите меѓу нивните имиња и презимињата на венчаните тенисери, но и тоа е минато.
Така, во случајот на ланскиот шампион, Новак Ѓоковиќ, отсега наместо „господин Новак Ѓоковиќ“ ќе стои само „Новак Ѓоковиќ“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
4 годишна забрана поради допинг, Симона Халеп…
Двократната гренд слем шампионка Симона Халеп доби…
Надал: Федерер го достигна највисокото ниво, но…
Тони Надал беше составен дел од огромен…
Ѓоковиќ ќе плати 7.000 евра за “злоупотреба…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е казнет од…
Медведев поразен: Ѓоковиќ во финале против Алкараз
Рускиот тенисер Даниил Медведев е поразен во…
Ѓоковиќ во финале на Вимблдон!
По речиси три часа борба, Новак Ѓоковиќ…