Вимблдон дозволи настап на руски и белоруски тенисери како неутрални спортисти

По едногодишна забрана која беше воведена поради војната во Украина, тенисерите од Русија и Белорусија ќе можат ова лето да настап на грен – слем турнирот во Вимблдон, одлучија организаторите.
Раководството на турнирот лани еднострано одлучи да им забрани настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки.
„Го прифаќаме доаѓањето на тенисери и тенисерки од Русија и Белорусија. Тие ќе се натпреваруваат како неутрални спортисти без какви и да е национални обележја. Исто така забрането ќе биде какво и да е изразување поддршка на инвазијата која Русија ја спроведува врз Украина“, соопштија организаторите на Вимблдон.
Во соопштението се прецизира дека ниту еден тенисер од овие две земји не смее да има спонзор поврзан на кој било начин со раководствата на Русија и Белорусија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вимблдон дозволи настап на руски и белоруски…
По едногодишна забрана која беше воведена поради…
„Нозете ми се тресат, ве молам да…
Семејството на 12-годишната Аниса Ајро, не добило…
Нов влажен и постуден бран, обилни врнежи…
УХМР соопшти дека во понеделник, под влијание…
ПЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА ВО СКОПСКО ЛИСИЧЕ…
Петмина повредeни, од кои еден со тешки…
ИТАЛИЈА ГО ЗАБРАНИ ЧЕТГПТ, ПОПУЛАРНИОТ ЧЕТБОТ ЗАСНОВАН…
Италија стана првата западна држава која го…