Објавено на:

Вирусот од Африка галопира во светот: Мајмунските сипаници потврдени во 12 членки на ЕУ

t

Откако во Минхен во петокот беше пријавен првиот случај на мајмунски сипаници во Германија, во саботата и во Берлин беа потврдени два случаи. Заразените се во стабилна состојба, но се очекуваат нови случаи во наредните денови.

Болеста е регистрирана и во Швајцарија и во Израел, а можни случаи има и во Австрија. На почетокот на мај се појави во Велика Британија, Шпанија, Португалија и во Франција, но и во САД и во Австралија.

Светската здравствена организација во саботата објави дека кај неа се пријавени 92 потврдени и 28 сомнителни случаи од дванаесет земји членки.

Мајмунските сипаници се јавуваат главно во Африка.

СЗО во моментов развива упатства за спречување на ширењето на болеста.

Постојат стравувања дека бројот на случаи би можел да продолжи да расте во летните месеци, рече главниот советник на СЗО за ризик од инфекции, Дејвид Хејман, во интервју за Ројтерс.

Појавата на мајмунски сипаници не може да се спореди со почетоците на пандемијата на коронавирус, бидејќи болеста не се пренесува толку лесно. СЗО претпоставува дека инфекцијата се шири преку сексуален контакт.

Лекарите, инаку, имаат повеќе прашања од одговори во овој момент. Најмногу се погодени мажите хомосексуалци кои неодамна имале сексуален однос, рече Леиф Ерик Зандер, инфектолог од берлинската клиника Шарите.

Бидејќи инфекцијата се пренесува со близок контакт преку кожа и, можеби, слузокожа и преку капки, препорачувам голема претпазливост и избегнување на блиски незаштитени контакти со непознати лица, рече Зандер.

Во симтомите спаѓаат температура, главоболка, болки во мускулите и осип кој начесто почнува на лицето, и се шири по телото.

Бидејќи, болеста може да има благ тек и заразените да немаат никаков осип можат случајно да заразат други. Поголемиот број од заразените се опоравуваат по неколку недели, а смртните случаи се реткост. Повеќе се загрозени децата и бремените жени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милиони луѓе ќе останат без основни потреби,…

Дали ни доаѓа глобална рецесија? Расте стравот…

Азија за прв пат ја надмина Европа…

Азија за прв пат ја надмина Европа…

Бројот расте: Во ужасот во Тексас загинаа…

Најмалку 19 деца загинаа при пукање во…

Истражување: Инфлацијата стана сè почеста грижа во…

Светската политичка и економска елита повторно се…

Почна продажбата на доларот, еврото ги дочека…

Еврото е во пораст денеска бидејќи инвеститорите…