Владата вечерва е обоена во сино по повод Светскиот ден на аутизмот

Вечерва зградата на Владата свети во сино, во знак на 2 април Светски ден за подигање на свеста за аутизмот, пишува премиерот Димитар Ковачевски на официјалниот Фејсбук-профил.
Давам неизмерна поддршка и почит кон лицата со аутизам, нивните родители, семејства, пријатели, наставници, соученици. Како Влада се залагаме да обезбедиме системски решенија за грижа за децата и возрасните со аутизам. Не сме сите исти, ниту по физички изглед, ниту по карактер, но сите во оваа држава имаат исти права, вели Ковачевски.
„Да ги прифаќаме различностите, секој е различен и посебен на свој начин.“, порача тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски на работна посета во САД
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, заедно со…
Социјалните мрежи горат по вчерашното реми: Од…
Социјалните мрежи вријат откако Македонија вчера ѝ…
Добро утро со Инфомакс: Наше знаме е…
Добро утро Македонци, денеска ви го пренесуваме…
Руски зборник од 1849 година: Македонскиот јазик…
Во време кога се врши атак врз…
Сведоштво на баба Велика, една “обична” Македонка:…
ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ ИЛИНДЕН МАКЕДОНЦИ! Славиме 120…