Владата на ДУИ во живот ја одржуваат ЛДП, ДОМ и ДС

ЛДП, ДОМ и ДС се виновни што уште функционира оваа криминална влада на СДСМ, со која раководи ДУИ и Ахмети, се вели во соопштение до медиумите на ВМРО-ДПМНЕ, кое го пренесуваме интегрално:
– „Заради клиентелизмот на овие неколку партии за неколку директорски или заменик директорски места со Македонија владее мафија, која зема вакцини од провизии, удира рекет на фирми во РЕК и диктира судски пресуди како што сака.
Заради клиентелизмот на ЛДП, ДОМ и ДС Али Ахмети е премиер во сенка, и нема одговорност ниту за пожарот во тетовската болница во која живи изгореа 14 луѓе, ниту за трагедијата со БЕСА транс, ниту за Дурмо Турс, ниту за починатиот човек кој умре во планините во кратовско зошто немаше болничко возило кое ќе биде испратено за него.
ЛДП, ДОМ и ДС се виновни зошто во Македонија владее влада заради која сме во врвот на листите по криминал и корупција.“ – Пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
“Траорен” говор на Ахмети: ДУИ е крвта…
Синоќа претседателот на Демократската унија за интеграција…
Стотици животи на болните од рак зависат…
Акцелераторот за зрачење на болните од рак…
Владата скрати два милиони денари за рано…
Два милиони денари помалку ќе даде Владата…
Владеачко-политички консензус за милијарда евра од Клинички…
Ќе добие ли некогаш Македонија нов Клинички…
Координаторот на пратеничката група на СДСМ: Предвремени…
Пред нас е период во кој што…