Владата со итен пакет мерки: 0% ДДВ на леб, брашно, млеко… намалување на акцизата за гориво, по 1.000 денари субвенции за најсиромашните

t

Владата денеска донесе пакет од 26 мерки и препораки за ублажување на последиците од економската криза.

„Ова ќе биде тешка година, но со добри политики и мерки ќе ја премостиме. Усвоиме пакет од вкупно 26 мерки и препораки поделени во две категории и тоа: мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и компаниите и мерки за финансиска поддршка на компаниите преку Развојната банка за заштита на граѓаните и ликвидност на компаниите. Ја намалуваме стапката на ДДВ-то од 5 на 0 % на основните производи и тоа леб, шеќер, брашно, трајно млеко, ориз, јајца, свежо месо. Ја замрзнуваме маржата на основните производи за исхрана. Предвидуваме субвенции за најранливите категории граѓани за основни производи за исхрана со вредност од 1.000 денари месечно за три месеци, за околу 35.000 граѓани. Ги укинуваме царинските давачки за увоз на основни прехранбени производи од сите земји. Го ублажуваме и ценовниот удар за електричната енергија, повластената даночна ставка која ја воведуваме ќе важи до декември 2022-ра година. Со нова методологија ќе има помала цена за мали потрошувачи и домаќинства во однос на струјата, кои се најпогодени.

Ги субвенционираме пензионерите со 1.000 денари за три месеци, односно 3.000 денари, за основни производи. Го продолжуваме субвенционирањето за струјата за ранливите потрошувачи, мерката ќе биде активна до јуни 2022 година. Даваме препорака за промена на методологијата за усогласување на цените на нафтените деривати. Препораката е да се менуваат цените на дневна основа, барем во период кога трае енергетската криза. Ја намалуваме стапката на ДДВ од 18 на 10 % при промет на енергенсите:дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас и метан. Со намаленото ДДВ практично се намалува цената на енергенсите за граѓаните. Ја намалуваме акцизата врз основа на берзанските цени, со цел ублажување на цената на енергенсите за крајните потрошувачи. Дизелот би се намалил за 10,7 денари, додека бензините за 11,5 денари.“, истакна на прес конференција попладнево премиерот Димитар Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…