Владата ја усвои Информацијата за Акцелераторот за одбранбени иновации за НАТО

Владата ја усвои Информацијата за Акцелераторот за одбранбени иновации за НАТО (Defence Innovation Accelerator for the North Atlantic – DIANA), кој има за цел поддршка на земјите-членки во развојот на нови технологии со „двојна употреба” .
Владата ја усвои Информацијата за Акцелераторот за одбранбени иновации за НАТО (Defence Innovation Accelerator for the North Atlantic – DIANA), кој има за цел поддршка на земјите-членки во развојот на нови технологии со „двојна употреба” односно на иновативни решенија примарно наменети за комерцијални пазари, но со потенцијална одбранбена и безбедносна примена.
Со овој Акцелератор се предвидува опфаќање на разновидни иноватори и тоа академски институции но и актери од приватниот сектор, како што се Big Tech компании, start-up претпријатија, претприемачи и мали и средни претпријатија.
Приоритет ќе имаат иновативни решенија од доменот на вештачка интелигенција, обработка на големи податоци (Big Data), квантна технологија, биотехнологија, нови материјали и вселена.
Акцелераторот за одбранбени иновации за НАТО (DIANA), како тело на НАТО, им помага на земјите-членки и на Алијансата да ги задоволат безбедносните и одбранбените потреби преку поттикнување, тестирање, потврдување и демонстрација на врвни технолошки решенија и ја зајакнува способноста на НАТО за поттикнување на технолошката соработка меѓу сојузниците, промоција на интероперабилноста и охрабрува развој на технолошки решенија за воените потреби на Алијансата, соопшти владината прес-служба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одземени пребучни автомобили користени за „диви“ ноќни…
Полицијата соопшти дека пред неколку дена одзела…
Полицаецот Марко доби 18 години затвор за…
Судот во Осиек го осуди на 18…
Лесковaц: Избодено момче пред очите на својот…
Шеснаесетгодишно момче денеска по 14 часот е…
Српското Министерство за информирање бара отстранување на…
Српското Министерство за информирање и телекомуникации побара од српските…
Студентски пленум: Вечерва на еден час да…
Од студентскиот пленум излегоа со апел денес,…