Владата ќе гради суво пристаниште во Струга

t

Владата на денешната 108. седница, на предлог на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, го разгледа и прифати Извештајот за извршени преговори за склучување на Спогодбата за соработка меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за развој на инфраструктурни проекти, логистичка безбедност и ефикасност на транспортна стоки меѓу двете земји.

-Разгледан е и прифатен и усогласениот текст на Спогодбата. Се работи, според посоченото од страна на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, за реализација на усвоен заклучок на последната заедничка седница помеѓу владите на двете држави, според којшто, на Република Македонија и се доделува бесплатен пристап до дел од пристаниште, Порто Романо во Драч, а следствено на тоа, нашата држава ќе изгради суво пристаниште во Струга, информираат од Владата.

Од владината прес-служба посочуваат дека целта на соработката е подобрување на инфраструктурното поврзување, ефикасноста на транспортот за транзитни товари меѓу трговски пристаништа во Република Албанија и Република Македонија и безбедност на мрежата за снабдување во регионот

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Генерален штрајк во Белгија, откажани летови, бунт…

Христијанската унија ЦСЦ и социјалистичката ФГТБ протестираат…

Возач од Македонска Каменица со комбе удрил…

Возач од Македонска Каменица удрил во паркиран…

(Видео) Казнет возачот кој со Ауди возеше…

На 31.03.2025 полициски службеници од СВР Скопје…

Трамп: Зеленски сака да се извлече од…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидува да…