Владата ќе му предложи на Собранието продолжување на кризните состојби со топлинска и електрична енергија до 30.4.2023

t

Владата на Република Македонија на 82-та седница ги усвои заклучоците, мерките и препораките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.

Согласно тоа, беше прифатен предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можност за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, до 30.4.2023 година.

Воедно, беше прифатен и предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Македонија, до 30.4.2023 година заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

Предлог-одлуките за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електричната енергија и за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можност за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, ќе бидат доставени на разгледување и одлучување до Собранието.

На седницата, беше разгледан и прифатен текстот на Меморандумот за соработка помеѓу DAI Global, LLC. и Владата на Република Македонија, со кој се формализира соработката во рамки на Програмата за јакнење на отпорноста и дигитализација на критичната инфраструктура, управувана од DAI во име на УСАИД и Министерството за информатичко општество и администрација.

Со Меморандумот се предвидува техничка помош наменета за МИОА како претставник на Владата, за подобрување на превенцијата, подготвеноста, одговорот и закрепнувањето при соочување со заканите за сајбер безбедноста на критичната инфраструктура во Република Македонија.

Пред министрите, покрај другото се најде и Информацијата за повеќегодишна јавна набавка за финансирање на активности за реконструкција на филтер станица за вода за пиење во Берово, подготвена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Согласно Стратешкиот план на ресорното Министерство за 2020-2022 година, меѓу приоритетните цели се: развивање на современа и модерна инфраструктура, односно изградба на канализациони системи за квалитетно собирање и одведување на отпадни води и приклучување на сите корисници на комуналната инфраструктура.

Со денешниот документ, до 2024 година се утврдува динамиката на реализација на реконструкцијата на филтер станицата за вода за пиење, која снабдува 10.000 жители во Општината Берово.

Денеска, Владата усвои измени и дополнувања на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството и согласно новите финансиски средства ќе се имплементираат нови мерки.

Согласно мерките се обезбедува финансиска поддршка:

–          за произведена и продадена зелка за период од  13.04.2022 година до 07.05.2022 година со висина од три денари по килограм,

–          за трошоци за набавка на вештачки ѓубрива во производство на пченица и  јачмен со висина од 3.000 денари по хектар за трошок за набавка на вештачки ѓубрива, како и

–          за произведена и предадена слива кај регистрирани откупувачи за период од 20.8. 2022 година до 30.9.2022 година со висина од два денари по килограм за откупена во месец август и четири денари по килограм за откупена во месец септември.

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беше усвоена  и Информацијата за реализација на прва фаза – водоснабдување од проектот ЈПХС „Злетовица“ за општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово и добивање на одобрение за отпочнување на постапки за повеќегодишни јавни набавки за реализација на активностите за општините Свети Николе и Лозово.

Реализацијата на активностите од прва фаза – водоснабдување од Проектот ХС „Злетовица“ за општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово е со цел да се обезбеди чиста вода за пиење и целосно подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на овие општини.

Во исто време, проектот ќе обезбеди одржлив систем за долгорочно профитабилно функционирање на ЈП ХС „Злетовица“ – Пробиштип.

На денешната 82-ра седница, Владата ја разреши Иринка Сотирова- Бухова од должноста в.д. директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на нејзино барање.

За в.д директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја именува Рената Младеновска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Член на комисијата потврди: Бугарските историчари инсистираат…

Не работиме на утврдување на статусот на…

(Во живо) Отварање на бугарскиот културно-информативен центар…

Следете го во живо отварањето на новиот…

Добро утро со Инфомакс: Денешните историски докажувања…

Ѓорче Петров е македонски професор, публицист, историчар,…

Зајкова: Државава нема друга алтернатива освен ЕУ

Немаме веќе ниту време, ниту генерации за…

Добро утро со Инфомакс: Ќе ја оставиме…

На тројца комити, еден кодош, или во…