Владата “ќе штеди”: Делегацијата која ќе оди во Обединетите Арапски емирати ќе биде минимална, вели Ковачевски

Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски која утре треба да патува за Обединетите Арапски Емирати ќе биде минимална, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Заедно со него ќе патуваат и министерот за финансии, Фатмир Бесими со раководителот на секторот за меѓународни финансии, додека министерите за земјоделство и за транспорт и врски, Љупчо Николовски и Благој Бочварски ќе одат без советниците од своите кабинети.
Од Кабинетот на премиерот ќе патува еден советник задолжен за организација и еден претставник од секторот за односи со јавност.
Владината делегација на Обединетите Арапски Емирати ќе ги претстави макроекономските политики, развојните цели на државата и ќе оствари средби со претставници на неколку фондови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре протест пред Влада за да се…
Утре, на 13 јануари, во 16 часот…
Македонска клетва фаќа: Пропадна обидот на Денков…
Пропаднапоследниот обид на Бугарија за формирање на…
Бугарски психијатар и политички аналитичар: Бугарите ја…
„Бугарија нема влада затоа што не ја…
(Видео) Новата година ја дочекаа и Обединетите…
Новогодишната ноќ во Дубаи беше прославена свечено,…
Македонска клетва фаќа: Бугарија и денес не…
Народните избраници не го избраа Николај Габровски…