Влада: Сите буџетски корисници да ја унапредат транспарентноста во јавните набавки

t

На предлог на вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска Владата ги задолжи сите буџетски корисници да ја унапредат транспарентноста во процесот на јавните набавки и сите податоци да ги објавуваат на своите веб-страници, информираа денеска од владината прес-служба.

Согласно со Информацијата за унапредување на транспарентноста и отчетноста за буџетските корисници преку објавување на основните информации за јавните набавки на интернет страниците на институциите што беше усвоена на вчерашната 40-та седница, сите буџетски корисници и единки корисници, се должни во рок од 30 дена да креираат посебен дел (таб) на своите веб-страници насловен „јавни набавки“ и редовно да објавуваат информации и документи: Годишен план за јавни набавки, Огласи за јавни набавки (линк од објавата на ЕСЈН), Известувања за склучени договори (линк од објавата на ЕСЈН), Склучени договори и Известувања за реализирани договори (линк од објавата на ЕСЈН).


Истовремено, Владата им укажува и на јавните претпријатија основани од државата и на акционерските друштва во државна сопственост, и им препорачува и на општините, како и на јавните претпријатија во општините и градот Скопје да го следат примерот за поголема транспарентност при спроведувањето на јавните набавки.

На овој начин, како што образложува вицепремиерката Грковска, јавноста ќе има брз, лесен, едноставен и разбирлив пристап до информациите за начинот на којшто институциите ги трошат буџетските средства преку јавните набавки.

-Брзата, лесна, едноставна и разбирлива достапност на овие информации за граѓаните ќе ја зголеми отчетноста на институциите и нивната одговорност во јавните трошења, а на граѓаните ќе им овозможи увид како и за што се трошат нивните пари, порачуваат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните гневни: Ковачевски и Османи видовити, секоја…

Не стивнуваат обвинувањата кон власта дека провокациите…

СДСМ без срам и перде се јавија…

„Вечерва граѓаните беа сведоци на нови инциденти…

(Фото) Најнов извештај од МВР: 47 полицајци…

47 поврдени полицајци, 11 потешко, 2 посериозно,…

Забрчанец за денешните протести: Вергините, маските и…

„Вергините, маскираните и русјаците ни ја палат…