Владиката Петар: Да се покажеме како кротко јагне, се подразбира дека сме македонска црква

t

Владиката Петар ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија.

-Им благодариме на сите и сега треба да се покажеме како кротко јагне. Некој ако не нарекува Македонска црква, тоа се подразбира. Некој ако не нарекува Охридска архиепископија (ОА), пак го содржиме и тоа име, бидејќи е поврзано. Да се признае црквата како ОА, го поздрабира истото, но очигледно на Цариградската патријаршија и црквите од грчкото јазично подрачје им пречи да се именуваме тоа име и од тие причини најверојатно е одлуката да биде нарекувани ОА. Ова може да биде и тројна формула. СПЦ секогаш комуницирала со нас како МПЦ, Бугарската црква исто така, и Руската црква исто така. Не е спорно да се именуваме како македонска, вели митрополитот во емисијата „Само интервју“.

-За нас е битното дека ние сме признаени под име Охридска архиепископија. Кажано е дека јуридискцијата се протега на територијата на Северна Македонија. Тоа е кажано во контекст дека ние не можеме да ја шириме нашата јурисдикција во нашето опкружување, додава владиката Петар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Свети Атанасиј Велики, архиепископ…

Роден во Александрија во 296 година. Од…

Денес се празнува Преподобен Антониј Велики

Египќанец, роден околу 250 година во некое…

Српскиот владика Иринеј: Односите на СПЦ со…

Односите на Српската православна црква (СПЦ) со…

Бугарската црква го призна томосот на МПЦ…

Светиот синод на Бугарската православна црква на…

Член на комисијата потврди: Бугарските историчари инсистираат…

Не работиме на утврдување на статусот на…