Владиката Петар: Да се покажеме како кротко јагне, се подразбира дека сме македонска црква

t

Владиката Петар ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија.

-Им благодариме на сите и сега треба да се покажеме како кротко јагне. Некој ако не нарекува Македонска црква, тоа се подразбира. Некој ако не нарекува Охридска архиепископија (ОА), пак го содржиме и тоа име, бидејќи е поврзано. Да се признае црквата како ОА, го поздрабира истото, но очигледно на Цариградската патријаршија и црквите од грчкото јазично подрачје им пречи да се именуваме тоа име и од тие причини најверојатно е одлуката да биде нарекувани ОА. Ова може да биде и тројна формула. СПЦ секогаш комуницирала со нас како МПЦ, Бугарската црква исто така, и Руската црква исто така. Не е спорно да се именуваме како македонска, вели митрополитот во емисијата „Само интервју“.

-За нас е битното дека ние сме признаени под име Охридска архиепископија. Кажано е дека јуридискцијата се протега на територијата на Северна Македонија. Тоа е кажано во контекст дека ние не можеме да ја шириме нашата јурисдикција во нашето опкружување, додава владиката Петар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнуваат Светите Четириесет и двајца…

Сите беа војводи на византискиот цар Теофил.…

Денес се празнува Преподобен Герасим

Овој познат светител најпрво се учеше на…

Денес се празнува Светиот свештеномаченик Поликарп, епископ…

Овој голем апостолски маж се роди како…

Митрополитот Тимотеј: Нема ништо спектакуларно во нашата…

Митрополитите Тимотеј и Наум се во посета…