Владика Тимотеј: Очекуваме СПЦ до крајот на месецот да испрати барање до Вселенската патријаршија за автокефален статус на МПЦ

t

Тој потоа соопшти дека Синодот на МПЦ-ОА на денешната седница одлучил да ја прифати поканата за заедничка литургија за помирување со СПЦ, која ќе се отслужи утре

Владиката Тимотеј, кој воедно е и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, по денешната координативна седница изјави дека се надева оти до крај на месецов Српската православна црква до Вселенската патријаршија ќе испрати предлог за автокефален статус на МПЦ.

„Црква за која се бара да биде предложена за автокефален статус треба да исполнува 9 или 10 точки. Ние очекуваме за нас, тоа да го направи матичната црква од која се одделуваме, во конкретниот случај СПЦ. Таа да предложи до Вселенската патријаршија доделување автокефален статус, што треба да го одобрат сите православни цркви, а потоа Вселенскиот патријарх да издаде Томос кој треба да биде потпишан од него и од епископот на СПЦ“, истакна Тимотеј.

Владиката изрази надеж и дека тој Томос МПЦ-ОА ќе може да го добие до крајот на овој месец. Тој потоа соопшти дека Синодот на МПЦ-ОА на денешната седница одлучил да ја прифати поканата за заедничка литургија за помирување со СПЦ, која ќе се отслужи утре.

„Ја прифативме поканата од страна на српскиот патријарх Порфириј, односно од Соборот на СПЦ за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет, се разбира со оваа архиерејска литургија што ќе се отслужи утре во Соборниот храм посветен на Свети Сава“, изјави Тимотеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Домашниот есап на пазар не излегува ама…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски и претседателката…

Струмица вечерва меѓу најзагадените градови во светот

Струмица вечерва е меѓу најзагадените градови во…

Меџити го изгоре Мицкоски: Требаат уште шест…

Изет Меџити и други приврзаници на т.н.…

Левица од Атина: Грција и Бугарија мораат…

Грција и Бугарија мора да ја признаат…