Владина делегација положи венец свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај

t

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од министерката за одбрана Славјанка Петровска, од министерот за локална самоуправа Горан Милевски и од заменик-министерот за правда Агим Нухиу, положија венец свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во чест на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Положувањето венци свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје е дел од програмските активностите за чествување на празникот 9 Мај 1945 година, кој како Ден на победата над фашизмот е запишан со светли букви во историјата на Македонија како ден, кога заедно со прогресивните сојузнички европски сили и Соединетите Американски Држави беше прогласен официјално крајот на Втората светска војна, и ден кој беше прогласен и прифатен како Ден на победата над фашизмот.

Венци со свежо цвеќе на спомен обележјето на партизанските гробишта во Бутел во Скопје положија и делегации на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна, Делегација на Претседателот на Република Македонија, Делегација на Собранието на Македонија, на Армијата на Македонија, на дипломатскиот кор, како и на политички партии и други општествени и граѓански организации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петров: Ако Џамбаски го прекрши законот нека…

Членот на извршниот одбор на СДСМ, Андреј…

Груевски со детали за преговорите со Бугарија:…

Пишува Никола Груевски на Фејсбук: Од секогаш…

Грковска-Ескобар: Република Македонија е на правиот пат…

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за…

Борел вели: Најлесен начин да се стави…

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска…

Зајкова го критикува Тупанчески: Реформите не се…

Зајкова го критикува Тупанчески.. „Реформите во правосудниот…