Власта турка ново велепредавство зад затворени врати

t

Преговорите со Бугарија веќе подолго време се водат зад грбот на јавноста. За работата на историската комисија, за тоа што се преговара, што е договорено и какви отстапки прави македонската страна, информации нема ниту за јавноста, ниту за пратениците. Ваквата констелација на нештата, само ги потврдува сомнежите дека Владата предводена од ДУИ и СДСМ подготвуваат ново велепредавство на македонскиот народ и држава. Овој пат зад затворени врати, велат од „Левица“.

Ова го потврди и Министерот Бујар Османи, кој јавно изјави дека има изготвено документ кој Македонија е спремна да го прифати, но дека се чека одговор од бугарската страна. Ако се земе во предвид и за тоа дека веќе неколку членови од Историската комисија поднесоа оставки, веројатно Владата го спрема последниот чин од нејзиниот процес на демакедонизација.


Недостапноста на овој документ, прифатлив за Владата на ДУИ и СДСМ, покрај тоа што најавува ново велепредавство, укажува и на спремноста од нивна страна истиот да го протуркаат што е можно потивко и што е можно поскоро, за да се избегне негодувањето и притисокот од јавноста.

Патем, уште позагрижувачки е фактот што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави спремност да разговараат во насока на нова промена на македонскиот Устав.

Очигледно е, политиката која ја води владејачката елита и барањата кои ги има народот целосно се спротивставени. Левица речиси цела година повикува на прекин на преговорите под покровителство на Вашингтон и Брисел кои ги води нелегитимната Влада.

Ново национално велепредавство, не смее, не може и нема да помине, стои во соопштението на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бектеши: Неделата ќе биде работна во туристичките…

Измените и дополнувањата на Законот за трговија…

Сомнителен случај на мајмунски сипаници во Грција

Националната организација за јавно здравје на Грција…

УХМР: Пороен дожд и грмежи денеска и…

На повеќе места особено во западните делови…

Во стрелиштето во Камник денеска се оддржа…

Во стрелиштето во Камник денеска се оддржа…

Генерал Мили: Зголемена е опасноста од конфликт…

Генералот Марк Мили, претседател на Здружениот комитет…