Влошена состојбата на Нишани: Транспортиран е во болница во Германија

Влошена е состојбата на поранешниот албански претседател Бујар Нишани, кој вчера беше итно хоспитализиран па за поспецијализиран третман денеска е транспортиран во Германија.
Нишани во средата вечерта беше итно донесен во болницата „Шефќет Ндроќи” во Тирана поради пост ковид билатерална пневмонија со респираторна исуфициенца и бил на постојана кислородна поддршка.
Нишани (56) беше претседател на Албанија од 2012 до 2017 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Влошена состојбата на Нишани: Транспортиран е во…
Влошена е состојбата на поранешниот албански претседател Бујар Нишани,…