ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ протнувала незаконски права за градење, за скапи подароци

t

Владата на СДСМ протнувала незаконски права за градење, за скапи подароци, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Драги Рашковски како генерален секретар на влада на седница на влада потурил незаконско барање за градење во Гостивар на фирма, иако таа немала позитивно мислење од Комисијата при Министерството за транспорт и врски.

За ваквото незаконско дејание на Рашковски постои сомнеж дека истиот преку неговата сопруга добил луксузен спортски автомобил Доџ Вајпер, во вредност од над 50.000 евра, кој пак во неговиот анкетен лист бил пријавен со вредност од 5.000 евра.

Автомобилот сопругата на Рашковски го стекнала со купување од лице кое од фирмата за која Рашковски го потурнал незаконското барање го набавил за 5.000 евра, односно 10 пати помалку од реалната вредност.

Постојат огромни сомнежи за корупција на Рашковски. Но и се поставува прашањето дали само тој е примател на потенцијален поткуп, или се вмешани и други лица од врвот на власта. Институциите наместо да молчат, да реагираат согласно закон, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добро утро со Инфомакс: По патот на…

Во чест на големиот македонски револуционер, апостол…

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за поставување на…

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за поставување на мерна…

Владеачко-политички консензус за милијарда евра од Клинички…

Ќе добие ли некогаш Македонија нов Клинички…

(Видео) Бомба на Крмов: ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати…

Во вечерашното гостување, пратеникот на Левица –…

Мециновиќ: СДС и ДПМНЕ се заедно во…

Портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ ја коментира…