ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ лани парите на скопјани ги трошеше за скапи журки без тендери, ДКСК и ЈО да отворат случај

t

СДСМ лани парите на скопјани ги трошеше за скапи журки без тендери, ДКСК и ЈО да отворат случај, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Петре Шилегов лани потрошил над 250 илјади евра, од кои 154 илјади директно од градскиот буџет, без да распише јавна набавка, туку спровел јавен оглас за организирање на новогодишна забава.


Шилегов и градската управа од СДСМ спротивно на закон преку МКЦ ги злоупотребиле парите на скопјани.

Прекршени се низа законски акти. ДКСК да постапи согласно закон и да отвори постапка против Шилегов. Очекуваме и ЈО да работи по принципот на владеење на правото и да се спроведе целосна истрага.

Мора да има одговорност за неодговорното трошење на градските пари, подвлекуваат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маричиќ: Должност ни е да дадеме шанса…

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во вечерашното…

Османи: Особено ги ценам француските напори за…

Остварена средба со висока делегација од француското…

Македонија се соочува со негативни демографски трендови

Актуелните демографски трендови во РС Македонија не…

Османи: Претставена е успешната приказна на Македонија…

Руската агресија, исфрлањето на Русија од Организацијата…

Политиката и економската ситуација ги бркаат младите…

Политичката криза и лошата економска состојба се…