ВМРО-ДПМНЕ се скара и со единствениот “партнер” кај Албанците, Алијанса на Таравари, па сега тврдат дека бил лажго
Доколку Таравари премолчи и не каже, значи дека не е искрен и има друга причина зошто сака да влезе во Владата, сметаат од опозициската партија.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска упати јавно прашање до претседателот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари, за тоа кој е тој меѓународен фактор што бара оваа партија да стане дел од владината коалицијата.
Одговарајќи на новинарско прашање, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, рече дека Таравари треба јасно и гласно да ѝ одговори на јавноста, а доколку не каже тоа значи дека има друга причина зошто сака да влезе во Владата.
„Доколку Таравари премолчи и не каже значи дека Таравари не е искрен и има друга причина зошто сака да влезе во Владата“, рече Стоилковски.
Ваквата прозивка до претседателот на АА од ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако тој синоќа во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 рече дека постои можност за влез на АА во Владата и оти тоа го бара меѓународниот фактор. Доколку и граѓаните го бараат тоа, рече Таравари, Алијанса би можела да стане дел од Владата.
Сепак, нагласи тој, засега нема конкретна понуда нема, но има постојана комуникација.
„Ако не станеме дел од Владата, тогаш одиме на избори. Нема друго решение. Сепак, приоритет за нас се уставните измени и затоа сме спремни да станеме дел од Владата за да го помогнеме процесот“, рече Таравари.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак, денеска за оваа можност порача дека актуелното владино мнозинство е стабилно, но тенденцијата за негово зголемување е со цел создавање на една алијанса за Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…