ВМРО-ДПМНЕ ќе бара соодветно усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на соопштението на СДСМ и воедно инорираат дека ќе бараат раст на платите во јавниот сектор:
Ова е партиското соопштение:
СДСМ да се грижеше за граѓаните и економијата, државата немаше да се соочува економска и енергетска криза.
Инфлацијата во државата се повеќе расте, а граѓаните едвај крај со крај врзуваат.
Секогаш кога СДСМ е на власт државата се соочува со економски колапс, затворени фабрики, пропаднати бизниси и криминални афери.
Граѓаните сведочат на расипничко и недомаќинско работење со нивните пари од страна на Владата на СДСМ – ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандман на Законот за минимална плата, во кој што ќе побара и останатите плати во јавниот сектор да растат согласно растот на минималната плата усогласен со коефициентот на сложеност на работната сила.
ВМРО-ДПМНЕ очекува веднаш ребаланс на буџетот и зголемување на дотациите за општините од страна на Владата за целосно почитување на правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…
Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…
Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…