ВМРО нема да поднесе нова иницијатива за референдум за Договорот со Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ не планира уште една иницијатива за референдум. Координаторот на пратеничката група на оваа партија Никола Мицевски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека секоја иницијатива повторно би била отфрлена од спикерот Џафери. Мицевски додава дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени, туку против другите отворени прашања во Договорот со Бугарија.
Од СДСМ изјавата на Мицевски ја оценуваат како „вртење грб“ на Мицкоски.
„Изјавата на Никола Мицевски дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени и вклучување на Бугарите, како и на другите народи значи радикално противење на деструктивните политики на Мицкоски. Дали некој е на чело на бродот што тоне?“, велат од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ не сака да гласа за уставните измени бидејќи во договорот Бугарија има, како што велат, условувачки и уценувачки пристап со хегемонистички барања за македонскиот идентитет
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разрешени шпекулациите дали Вања починала од задушување…
Малолетничката Вања Ѓорчевска која беше најдена мртва…
Спасовски во детали соопшти како бегал Палевски…
Првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и…
Спасовски очекува брза екстрадиција на Палевски!
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на…
Спасовски: Најдени два пиштоли кои се поврзуваат…
Во околината на Скопје најдени се два…
Палевски бил фатен како оди пешки по…
Лицето Љ.П. кој е директниот сторител, односно…