ВМРО не ве прави партиската книшка, сликата со шефот, а уште помалку партиската функција

t

Едно нешто 30 години не можете да разберете… на организацијата не и забива нож тој што спречува криминал и работи во интерес на народот за кого постои организацијата туку тој што работи спротивно на интересите на сопствениит народ.

30 години го убивате гласникот, мислам на оние што први говорат за предавствата и расипаноста ( читај корупцијата) за која тој Ќосето што наводно го славите убивал.

Се што прават “врвните” политички елити 30 години доведува до распад на организацијата и уништување на Македонија. Што ќе ни е побогу ВМРО ако ја нема Македонија?!

ВМРО не ве прави ни книшката, ни сликите со шефот, а уште помалку партиската функција. ВМРО е идејата врз која почива независна и суверена Македонија. Сите кои си ја сакаат чуваат и градат татковината се ВМРО, сите кои се борат против неправдите кои му се нанесуваат на македонскиот народ се ВМРО. Ова што вие го нарекувате организацијата е друштво со ограничена одговорност на едно лице…

ПС. Ниту Данела, ниту Стевче не ги направивте вие градоначалници туку граѓаните кои ги гласаа. Тоа ви е таква потценувачка теза ама толку е капацитетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски ги подбра властите: Неспособни сте, корумпирани…

Пишува Никола Груевски на Фејсбук: Разорениот земјотресот…

ТРАГЕДИЈА ВО КАНАДА: Автобус удри во градинка,…

Градски автобус денеска удри во градинка во…

Зеленски: Велика Британија им помага на „украинските…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Лондон…

СЗО испраќа стручни тимови и авиони со…

Светската здравствена организација испраќа стручни тимови и…

Имал потекло од Тетово: Блажевиќ двапати за…

Легендарниот хрватски тренер, Мирослав Блажевиќ, кој почина…