ВМРО прифаќа двојни избори на 8 мај

t

За ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо да се гласа заедно за претседател на државата и за нов пратенички состав на 8 мај нареднава година. Денот е среда и според ВМРО-ДПМНЕ овој датум би можел да биде договорен меѓу партиите за одржување двојни избори, штом власта не отстапува од ставот изборите да бидат во редовен термин. Претходно, спикерот Талат Џафери кажа дека петти мај, недела е единствениот датум за одржување парламентарни и претседателски избори во редовен термин, но партиските калкулации го поместија евентуалниот изборен циклус за три дена, во среда, бидејќи на петти мај е христијанскиот празник Велигден.

Потпретседателот на ДУИ Бујар Османи потврди дека датумот, како што вели, ќе биде производ на дијалогот помеѓу политичките партии.

„ДУИ најмалку е загрижена по однос на термините како можност да се помогне позицијата на партијата, бидејќи во било кое време нашата позицијата во моментот е добра. Мислам дека тоа треба да го гледаме во контекст на уставната реформа, отколку во контекст на тоа како политичките партии ќе имаат интерес од било кој датум“, рече Османи.

Засега не се знае кога и во кој формат ќе започне со работа меѓупартиската група што ќе го договара датумот за избори. Инаку, 8 мај е последен датум кога би можело да се одржи вториот круг од претседателските избори, со оглед на фактот дека следуваат 72 часа, односно три дена, за жалби и поплаки за изборниот процес, а наредниот претседател на државата мора да биде инаугуриран на 12 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривичен го отфрли предлогот за мерки за…

Судија на претходна постапка при Основниот Кривичен…

Се задолжуваме и во ЕУ и тоа…

Во Собранието е доставен Предлог-законот за задолжување…

„И вие да научите нешто“: Белградските студенти…

Студентите од белградските факултети се собраа пред…

ДУИ незадоволен од тоа што не е…

ДУИ е незадоволен од тоа што не…