ВНИМАВАЈТЕ: Хакери продаваат податоци на крисници на “WhatsApp”

t

Ако користите „Ватсап”, вашите податоци би можеле да бидат на продажба.

Телефонските броеви на речиси 500 милиони корисници на „Ватсап” од базата на податоци ажурирана во 2022 година се продаваат на хакерски форуми. Ова значи дека речиси четвртина од сите две милијарди активни корисници на „Ватсап” се изложени на ризик.

Повеќе извори, пишуваат странските технолошки медиуми, тврдат дека ова е потврдена информација, а доколку е навистина така, би можело да биде едно од најголемите протекувања на податоци досега.

Базата на податоци што е на продажба содржи мобилни броеви на корисници на „Ватсап” од 84 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Египет, Италија, Саудиска Арабија, па дури и Индија. Според објавените податоци, содржи повеќе од 32 милиони американски броеви, 45 милиони од Египет, 35 милиони од Италија, 29 милиони од Саудиска Арабија, 20 милиони од Франција и 20 милиони од Турција. Базата на податоци наводно содржи речиси 10 милиони руски телефонски броеви.

На корисниците на „Ватсап” им се препорачува да се воздржат од повици и пораки од непознати броеви.

Хакерите продаваат податоци: 7.000 долари за американски податоци, 2.500 долари за британски податоци

„ТекРадар” пишува дека се обратиле до Мета за да ја потврдат автентичноста на тврдењата и за дополнителен коментар. Засега немаат одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бесими нема информации дека им е платен…

Системот (на ФЗО) беше нападнат, од кои…

Хакерите бараат откуп од 20.000 биткоини да…

Откуп од 20.000 биткоини бараат хакерите за…

Хакери ги нападнаа веб-страниците на НАТО

Организацијата на Северноатлантскиот договор потврди дека сајбер…

Хакерите продолжуваат да ја роварат Албанија: Објавија…

Членовите на иранската група „Татковинска правда” продолжуваат…

Хакери ја нападнаа веб-страната на Ватикан

Официјалната Интернет страница на Ватикан од денеска…