(Фото) Воено профитерство на Макпетрол: Еве кој вештачки ја создава кризата со горивата во Македонија!

t

Каде е Државниот пазарен инспекторат и дали нешто работи? Воено профитерство само вака накратко можеме да го објасниме недостаток на горива на најголемиот ланец на бензински пумпи во Македонија, Макпетрол.

Имено во текот на целиот ден граѓаните не информираат дека на бензиските на Макпетрол постои сериозен недостаток на гориво, а како што разбравме во неформален разговор, цистерните веќе неколку дена ги немаат надополнето резервоарите на бензиските пумпи и поради тоа се создава вештачки кусок на гориво, што пак предизвика сериозна паника кај граѓаните.


Ако ги земеме за точни тврдењата на министерот за финансии дека стоковите резерви се на завидно ниво тогаш можеме со сигурност да тврдиме дека не може и не смее да има кусок на гориво на бензиските пумпи на ниту еден од дистрибутерите на гориво ширум Македонија.

Зошто Макпетрол го прави ова? Одговорот е едноставен, ако граѓаните цел ден чекаа за да добијат одговор на прашањето за колку ќе порасната цените на горивата во Македонија, Макпетрол чекаше цел ден да се испразнат резервоарите дури  по цена и да затвори дел од бензиските пумпи ширум Македонија за горивото од вечерва да го продава по далеку повисока цена.

Пред малку Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од полноќ драстично се зголемува цената на нафтените деривати. Според одлуката на РКЕ од полноќ, бензините поскапуваат за 5,50 денари/литар, а дизелот за 10,00 денари/литар. Дополнително РКЕ во наредните месеци секојдневно ќе одлучува за цената на горивата што пак значи дека нивната цена и натаму вртоглаво ќе расте.

Ова е класично воено профитерство од страна на Макпетрол. Во моментов цената на енергенси на светските пазари вртоглаво расте, горивото кое сега се продава се уште Макпетрол го нема набавено по нова цена туку во моментов продава резерви набавени по далеку пониска цена, а се обидува да ги продаде со екстра профит.

На терен Инфомакс дознава дека ниту еден друг поголем ланец на бензиски пумпи го нема овој проблем со недостаток на гориво освен Макпетрол. Вработените во бензиската пумпа на Лук Оил ни велат дека од рафинеријата во Бургас каде се точи горивото има редовни пратки за Македонија и не може да има кусок.

Gulf oil Македонија пак излезе со соопштение во кое се вели дека непречено и неограничено ги снабдува граѓаните со нафта и нафтени деривати. И покрај новонастанатата ситуација и неизвесноста на меѓународен план бензинските на Gulf oil во државата, продолжуваат со редовно и неограничено снабдување на граѓаните и коминтентите со гориво.

Во нашите складови има доволни количини на нафта и нафтени деривати за да ги задоволиме потребите на пазарот.

Сите бензински станици на Gulf oil во Северна Македонија продолжуваат со континуирано и сигурно снабдување на потрошувачите со гориво со врвен квалитет според највисоките европски и светски стандарди, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Барајте алтернатива- Блокиран влезот на Скопје:…

Синдикалниот притисок за исполнување на нивните барања…

Метео: Сончево и многу топло време денеска…

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и…

Захарова: Нека побараат од Украина да им…

Британските власти треба да бараат од украинската…

(Видео) Најмалку осум лица ранети истрелување во…

Најмалку осум лица се ранети во истрелување…

Захариева: Западот го дели светот на оние…

Западните земји се уште имаат колонијален однос…