Возач под дејство на алкохол и со забрана за управување фатен во Кавадарци – не пропуштил пешаци на премин

Во саботата навечер, на 29 март околу 23:30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Љ.А. (40) од Кавадарци, откако опасно управувал возило на улицата „Илинденска“ во градот.
Според информациите од МВР, лицето управувало патничко возило марка „Пасат“ со бугарски национални ознаки и со голема брзина, без да запре и пропушти пешаци на обележан пешачки премин. Возачот бил веднаш запрен од полицијата, а возилото привремено одземено по член 344 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Дополнително, по извршените проверки било утврдено дека Љ.А. возел под дејство на алкохол, со концентрација од 1.7 промили во крвта. Исто така, било потврдено дека тој управувал возило иако имал активна забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, а за случајот бил информиран и јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, ќе следуваат соодветни кривични и прекршочни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…