Возете внимателно: Магла на Стража и на патот Тетово-Попова Шапка

Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка. Намалена видливост поради појава на магла од 15 – 20 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка и од 80 – 100 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот европратеник Ќучук: После толку обиди за…
Бугарскиот европратеник и известувач за Македонија, Илхан…
Бугарски професор: Ветото е бугарска глупост на…
Бугарскиот професор Евгени Даинов вечерва во дебатниот…
Одлуката за Македонија ќе се носи во…
Коалицијата имаше многу конструктивен дијалог на темата…
Османи кон Кулеба: Македонците како никој друг…
Русија не само што ја мрази соседната…
Коалиционите партнери на Петков: Украина не може…
„Очекуваме да слушнеме што ќе се случува…