Објавено на:

Вознемирувачки пораки од Белорусија: НАТО се подготвува за конфликт со Русија?

t

НАТО распоредува дополнителни одбранбени сили во источниот правец поради конфликтот во Украина, се наведува во соопштението по седницата на постојаните претставници на земјите од Алијансата во Брисел.

„НАТО верува дека дејствијата на Русија претставуваат сериозна закана за евроатлантската безбедност и ќе имаат геостратешки последици. Денеска одржавме консултации во согласност со членот четири од Вашингтонскиот договор. Решивме да преземеме дополнителни чекори во согласност со одбранбените планови за заштита на сите сојузници со цел да ги зајакнеме мерките за задржување и одбрана низ Алијансата. Нашите мерки остануваат превентивни, пропорционални. Тие не се насочени кон ескалација“, се вели во соопштението.

Исто така, се додава дека организацијата „распоредува дополнителни одбранбени копнени, воздушни и поморски сили во источниот дел“.

Белорускиот претседател вели дека Белорусија се подготвува за можен конфликт на границата, и дека на Западот му треба најмалку месец и половина за да ги спроведе своите планови.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека Западот направил план како да удри од зад Полска и Литванија на Русија по почетокот на конфликтот со Украина, нагласувајќи дека Минск разработил одговор на тоа.

Според белорускиот лидер, тој веќе ги добил „првите информации дека во Полска и Литванија се формираат групи кои ќе напаѓаат, ќе минат низ Белорусија по воздушен и копнен пат и ќе удрат зад руските трупи одзади во Полска кога ќе почне конфликтот со Украина“.

„Тогаш ги предупредив – нема да бидеме предавници и нема да дозволиме да пукате во грбот на рускиот народ“, изјави белорускиот лидер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судот ги пушти во куќен притвор Ратко…

Поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и…

Трамп: Еу и Кина 45 години нѐ…

Многу земји, меѓу кои европските и Кина,…

Човечки коски пронајдени покрај црква во Порече

Работници кои копале покрај црква во поречкото…

Минималната плата во Грција од 1 април…

Од 1 април годинава, минималната плата во…

Голем удар за Русија, хакерски напад го…

Руските медиуми јавуваат за голем хакерски напад…