(Вознемирувачко видео) Врснички со часови мачеле 13-годишно девојче! Што се случува со децата?!

Група девојчиња се осомничени дека со часови држеле во заробеништво и мачеле 13-годишно девојче, а ужасното насилство го снимале со телефон. Групата од дури десет девојчиња истурала сок врз главата на жртвата, ја тресела со пепел од цигари и ѝ ја запалила косата. Кога девојчето се обидело да стане, една од насилните врснички му рекла: „Седи тука и моли ме!“.
Случајот доаѓа само една недела по потресната смрт на 12-годишната Луиза, која беше пронајдено мртва, а за убиството се обвинети две нејзини врснички, со кои се познавала. Тие признаа дека го намамиле девојчето во шума и дека дури 32 пати го изболе со нож бидејќи „се скарале“.
На вознемирувачката снимка од последниот инцидент која ја објавија медиумите, се гледа како жртвата плаче и ги моли соученичките да не ја удираат по носот, но тие не престануваат. Предупредуваме дека видеото е вознемирувачко и дека може да предизвика трауми кај дел од читателите.
Германските медиуми пишуваат дека ова се случило на крајот на февруари, но мајката на девојчето дури сега решила да зборува, со цел да ја предупреди јавноста за сѐ поголемиот проблем со насилството меѓу децата. Мајката на жртвата вели дека мачењето било прекинато благодарение на храбрата интервенција на случаен минувач.
„Тој ја препознал опасноста во која е ќерка ми, ја примил кога таа побарала помош од него. Многу сме му благодарни”, вели мајката.
Според обвинителката, како и во случајот со малата Луиза, сторителите на ова дело нема да бидат кривично гонети, бидејќи се на возраст под минималната за кривична одговорност во Германија – 14 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Пендаровски се сретна со германската МНР:…
Претседателот Стево Пендаровски ја прими Аналена Бербок,…
(Вознемирувачко видео) Врснички со часови мачеле 13-годишно…
Група девојчиња се осомничени дека со часови…
МНР обоено во боите на германското знаме…
По повод на утрешната посета на сојузната…
Германската влада до честитики за Косово и…
Портпаролот на германската влада Штефен Хебстрајт посочи…
Германија ќе го апси Путин ако стапне…
Претседателот на Русија ќе биде уапсен доколку…