Објавено на:

Волстрит нагло порасна, ФЕД ги зголеми каматните стапки

t

На Волстрит во средата цените на акциите драстично пораснаа, втор ден по ред, откако американската централна банка ги зголеми каматните стапки во согласност со очекувањата и соопшти дека ќе следуваат дополнителни зголемувања за да се ограничи инфлацијата.

Dow Jones порасна за 518 поени или 1,55 отсто, на 34.063 поени, додека S&P 500 скокна за 2,24 отсто, на 4.357 поени, а индексот Nasdaq за 3,77 отсто, на 13.436 поени.

По дводневната седница, челниците на ФЕД вчера ја зголемија основната каматна стапка за прв пат од 2018 година, за 0,25 процентни поени, а за да ја ограничат инфлацијата, која достигна највисоко ниво во последните 40 години, проценуваат дека каматната стапка на крајот би можела да биде помеѓу 1,75 и 2 отсто.

И додека зголемувањето на каматните стапки за четвртина процентен поен е во согласност со очекувањата на аналитичарите, проценките за растот на каматните стапки до крајот на годината се повисоки од очекувањата на многумина.

Како резултат на тоа, веднаш по пораките на ФЕД, индексот Dow Jones и S&P 500 падна на негативна територија. Но, тие се опоравија по прес-конференцијата на претседателот на ФЕД Џером Пауел.

Пауел рече дека економијата е доволно силна за да ги издржи зголемените каматни стапки и да го одржи сегашниот силен тренд на вработеност и раст на платите. Тој, исто така, рече дека ФЕД мора да се фокусира на ограничување на влијанието на растот на цените врз домаќинствата.

Тој исто така рече дека се очекува инфлацијата да остане над целта на ФЕД од 2 отсто до 2024 година и дека централната банка поагресивно ќе ги зголеми каматните стапки доколку ситуацијата не се подобри.

Поради високата инфлација, но и последиците од војната во Украина, ФЕД ги намали проценките за економскиот раст оваа година од претходните 4 на 2,8 отсто.

И покрај намалените проценки за економскиот раст и повисокoто од очекуваното зголемување на каматните стапки до крајот на годината, Волстрит порасна затоа што, според стратегот на The Leuthold Group, Џим Полсен, на инвеститорите им олеснало бидејќи ФЕД покажува дека ќе направи се што е потребно за ограничување на инфлацијата.

„Фактот дека ФЕД конечно работи против инфлацијата донекаде ги увери инвеститорите затоа што треба да и помогне на економијата која се бори со висока инфлација“, вели Паулсен.

Но, има и такви кои стравуваат дека проектираното агресивно зголемување на каматните стапки, практично на секоја седница на ФЕД оваа година, може да предизвика колапс на економијата.

„Ова изгледа дека ФЕД има намера да предизвика рецесија за да го ограничи проблемот со инфлацијата, а тоа е кратковидно, како што беше пораката на ФЕД минатата година дека високата инфлација ќе биде само привремена“, рече Скот Ладнер, директор на Хоризонт Инвестментс.

И на европските берзи цените на акциите нагло пораснаа вчера, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од знаците за позитивен развој во преговорите меѓу Русија и Украина.

Лондонски FTSE индекс зајакна 1,62 отсто, на 7.291 поен, додека франкфуртски DAX скокна за 3,76 отсто, на 14.440 поени, а париски CAC 3,68 отсто, на 6.588 поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се пишманија: Нема да ја прогласат…

САД нема да ја прогласат Русија како…

Минималната плата во Бугарија се зголемува на…

И семејствата со деца од второ, трето…

(Видео) Фуркан “го пошљака” Тупанчески: На влезот…

Новинарот Фуркан Салиу денеска од министерот за…

51-годишен кичевчанец тепал и ѝ се заканувал…

На 29.11.2022 во 15.00 часот во Кичево,…

Исмаил: Штајнмајер има функција за шетање по…

Портпаролот на Левица, Реџеп Исламил, на Фејсбук…