Вонредна седница на Влада и прес-конференција на Ковачевки: Вечерва ќе се прифати францускиот предлог?!

t

Вечерва со почеток во 20:15 часот ќе се одржи 57- та седница на Владата на Република Македонија, соопштија од „Илинденска“.

Иако во владиното соопштение не е наведено за што ќе се расправа, извесно е дека вонредната седница е закажана за Владата да биде запознаена со новиот француски предлог за решавање на спорот со Бугарија и почеток на преговорите на земјава со ЕУ, кој денеска пристигна во Скопје.

По одржувањето на седницата, Владата ќе ја информира јавноста, се додава во соопштението.

Во исто време, од владината прес-служба најавија и прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски, која според најавата треба да се одржи во 20 часот и 30 минути, само 15 минути по закажаниот почеток на владината седница.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само спокојно: Според Владата нема проблем со…

Владата на денешната 102 седница го разгледа…

Страшно сценарио на Кутев за Бугарија: Ако…

Ако сега не се формира влада во…

Зорана Михајловиќ: Не сум сигурна дека новата…

Српската министерка за енергетика и рударство во…

Борисов: Оптимист сум дека ќе составиме Влада

Од сè што создаде "Продолжуваме со промената",…

Се “заглавуваме” за нови 250 милиони евра:…

Владата донесе одлука за издавање на хартии…