Воспитна за македонската Влада од Софија: И покрај притисокот, националната позиција ќе остане непроменета, вели Генчовска

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска во интервју за бугарската Нова истакна дека Македонија треба да ги вклучи Бугарите во својот Устав рамноправно со другите народи.
Според неа, овој услов ја поставува бугарската држава да го промени ставот за пристапувањето на земјата во ЕУ.
-На крајот на декември беше испратена нота од нив за нашите барања и тие изјавија дека се волни и сакаат да започнат со промена на нивниот устав, рече министерката Генчовска и додаде дека Бугарија нема да прави компромиси.
Според Бугарија, засега нема резултат од македонска страна по искажаната подготвеност.
-И покрај притисокот, националната позиција на Бугарија ќе остане непроменета, изјави Теодора Генчовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ни треба целото оружје што го имате…
На Украина ѝ недостига оружје за контраофанзива,…
(Видео) Голем број демонстранти на протестот “Србија…
Со бројни транспаренти десетици илјади граѓани на…
Лукашенко: Згрешивме што не ја нападнавме Украина…
Единствената грешка на Русија и Белорусија беше…
Шолц ги убедува Германците: Поддршката за Германија…
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека…
(Видео) Детали за силното невреме со град…
Регионалниот Центар за управување со кризи во…