Воспитна од Тирана: Ништо од членството во ЕУ на Македонија?!

Шефот на Советот на ЕУ Шарл Мишел во Тирана порача дека е можно наместо датум за првата меѓувладина конференција, со предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон, Македонија, Албанија и земјите од Западен Балкан да добијат статус на асоцијативна земја во Европската Унија, пренесува ТВ 21.
Мишел не тврди дека тоа е завршена работа но идејата на Макрон ја презентира како тема на јунскиот самит на ЕУ со што реална е опасноста наместо полноправен член по 21 година од Договорот за стабилизација и асоцијација Македонија да стане членка на ЕУ од втора класа.
„Направивте се што е можно за да ги надминете предизвиците. Од друга страна, важно е да не се чека конечната одлука. Една идеја е асоцијативните членки, т.е. грубо, приближен пристап за потребните формати што ќе ги имаме, за да се запознаеме подобро еден со друг, да ги разбереме потешкотиите и да се грижиме еден со друг. Да сме конкретни и оперативни“, вели Шарл Мишел.
Албанскиот премиер Еди Рама нема проблем со идејата Албанија да не стане полноправна туку само асоцијативна членка.
„Идејата за асоцијативна членка на Европската Унија, односно нова европска политичка заедница, што во однос на нашите земји значи „учество на европските тркалезни маси, во однос во процесите на подготовка на одлуки поврзани со безбедност, што се поврзува со справување со кризи кои нè засегаат заедно. И ако дојде денот да бидеме асоцијативни членки на Европската Унија, тоа става крај на сите шпекулации, става крај на сите теории на заговор, става крај на целата параноја , дека ЕУ не држи далеку и дека не сака да не внесе таму. Така што мислам дека тоа е фантастична работа“, посочи Еди Рама.
Покрај предлогот на Емануел Макрон, кој ја ужива поддршката и од германскиот канцелар Олаф Шолц, во агендата на ЕУ се уште нема можност за одвојување на Албанија и Македонија. Двете земји ќе одат во пакет, откако Бугарија ќе се откаже од ветото.
„Јас сум посветен пријател за решавање на тешкотиите со кои се соочивме. За неколку недели ќе имаме финален состанок на француското претседателство за да се реши оваа ситуација. Проценката ќе ја направиме во јуни. Се надевам дека ќе успееме да го направиме ова. Се разбира, ако тоа не се случи, треба да ја преиспитаме ситуацијата. Позицијата на премиерот е разумна и оправдана“, вели Шарл Мишел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пар веднаш зажали што отвори порака во…
Пар веднаш зажали што отвори порака во…
Дневен хороскоп за 27 март
Овен Овој ден, конечно ќе можете да…
Македонија пред нов студен бран:Врнежи од дожд,…
До крајот на четврток 27 март во…
Откриена тајна руска нуклеарна база во Европа
Русија има тајна база за нуклеарно оружје…
Aston Martin го претстави роудстерот Vanquish Volante,…
Aston Martin го претстави својот нов модел,…