Војната посилна од културата? Македонската опера и балет ги откажа руските романси кои требаше да се изведат вечерва

t

Од Македонската опера и балет соопштија дека рециталот кој требаше да се одржи вечерва е откажан. Се работи за рецитал наречен “Вечер на белканто и руски романи” чиј организатор е Елена Сиљановска од Здружението на руски сонародници “Чајка”.

Директорот на МОБ, Баско Ристов, за Нова ТВ изјави дека одлуката е донесена согласно изгласаната Декларација за осуда на руската агресија во Украина, која беше изгласана во Собранието на РМ.


Режисер на рециталот е Дејан Прошев, а придружба на пијано требаше да биде Андреј Наунов.

Меѓу делата кои требаше да бидат изведени беа и делата на Белини, Чајковски и Дворжак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Емотивна македонска поезија за војната

Профилот „Македонска поезија“ на социјалните мрежи со…

(Видео) ЕЖЕЊЕ: Јапонецот Кутецу со нова македонска…

Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу деновиве објави…