Војна на “две меѓународни”: Џипинг ги повика БРИКС да се борат против едностраните санкции!

Говорејќи на самитот на БРИКС, кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика земјите да се борат против едностраните санкции, а меѓународната заедница да го напуштат менталитетот на Студената војна.
„Мораме да се залагаме за чесност и правда, да ја промовираме меѓународната заедница да биде навистина мултилатерална. Мораме да го заштитиме меѓународниот поредок, чиешто јадро се ОН и меѓународното право, мораме да го напуштиме менталитетот на Студената војна и конфронтацијата меѓу блоковите“, рече тој. .
Тој ги повика земјите од БРИКС да се спротивстават на едностраните санкции, како и на нивната злоупотреба.
„Затоа, голема семејна заедница со заедничка судбина на човештвото ќе надмине мала група хегемони“, додаде тој.
Дводневниот 14-ти самит на БРИКС со кој претседава Кина започна денеска преку видео-конференција. На самитот присуствуваат лидерите на земјите-членки – рускиот претседател Владимир Путин, индискиот премиер Нарендра Моди, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса. Со самитот претседава кинескиот претседател Си Џинпинг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Аргентина се достојни кандидати на…
Одлуката за влез на Аргентина и Иран…
Наместо да воведат санкции, Иран бара членство…
Иран поднесе барање за приклучување кон групата…
Путин на БРИКС: „Бараме излез од кризата…
Владимир Путин во својот говорна 14-тиот самит…
Самит на БРИКС: Кои ги критикуваше едностраните…
Кинескиот претседател Кси Џинпинг во четвртокот ја…
“Другата меѓународна” се шири: Кина и Русија…
Чекор кон зајакнување на моќниот светски блок…