Објавено на:

Војните и пандемијата создаваат психоза кај народот

t

По две години страв и неизвесност околу пандемијата, војната е нешто што скоро никој не го посакуваше, па познавачите велат дека во овие околности негативните чувства се нормална појава.

Како да си помогнете себеси?


– Сосема е нормално да се чувствува вознемиреност за она што гледаме дека се случува во една европска земја, вели Алекс Бушил од организацијата за ментално здравје „Мајнд“. – Природно е – немаше да бидеш човек да не беше така, вели тој.

Иако ваквата состојба не секогаш доведува до анксиозност, тоа се случува, па има неколку клучни начини како да ја избегнете, а тие вклучуваат – добро хранење, излегување надвор, „одмор“ од телефонот, повеќе време со саканите и друго. Иако ова се прилично едноставни совети, при ваков стрес може да бидат и многу корисни.

– Една од клучните работи е да се држите подалеку од лошите работи секогаш кога можете… Без разлика дали тоа е „пребегнување“ кон спорт или прошетка со кучињата, тврди Алекс.

Вториот чекор е самодисциплина со техники за кои знаете дека може да Ви помогнат.

Директорката на сервисот за поддршка „Шаут“, Сара Кендрик, призна дека е особено загрижена за младите луѓе кои поголемиот дел од своето време го минуваат на телефон бомбардирани со вести за војната 24 часа на ден.

– Децата и младите секојдневно ја изразуваат својата загриженост за војната, а некои тврдат и дека таа не им дозволува да заспијат навечер, рече таа.

Препораката гласи – да го исклучите телефонот навечер и колку што е можно, да се држите настрана од вестите.

– Обидете се да запомните што можете да контролирате, а секако, може да го контролирате количеството вести низ кои сурфаме и колку часови спиеме, додаде таа.

Како да им помогнете на децата?

Но, претераното избегнување на оваа тема може да предизвика дополнително чувство на страв кај децата, вели Ана Лемке, психолог и советник за деца во организацијата за заштита на децата – „Save the Children“.

Професорката Вивијан Хил, од Британското психолошко друштво, препорачува да се разговара и да се прилагоди разговорот на возраста на детето.

– Обидете се да бидете што е можно пореални. Објаснете им дека последниве години има војни низ светот кои се далеку од нас и дека тие не влијаеле на вас – тоа е добар начин да им помогнете на децата да го разберат нивото на опасност со коешто се соочуваат. Децата пред сѐ, сакаат да бидат сигурни дека се безбедни, рече таа.

– Ако се загрижени за народот на Украина, разговарајте со децата за тоа како повеќето луѓе се во засолништа и подалеку од бомби, и кажете им како луѓето се преселуваат во други земји каде што е побезбедно, вели проф. Хил.

Како да им помогнете на другите?

Помагањето на другите е еден од петте чекори препорачани од стручњаците за подобрување на нивното ментално здравје, но и на сопственото. Бројни добротворни организации, како што се Црвениот крст, Агенцијата за бегалци при УНХЦР и УНИЦЕФ, но и поединци ширум светот повикуваат и спроведуваат собирање пари и донации.

Д-р Ема Хепберн вели дека гледањето војна може да направи да се чувствувате вон контрола и треба да се сосредоточите на начините на кои може да му се помогнете на некого.

– Постојат многу докази дека правењето нешто добро за други луѓе има корисно влијание врз нашето психичко здравје. Кога придонесуваме друг да се чувствува подобро, а ние сме подобро расположени, тврди таа.

Потсетува дека има многу начини за тоа – дарување предмети, храна и други работи во добротворните прифатилишта.

– Луѓето може да се чувствуваат беспомошни пред војната или други настани што го засегаат светот, а со изнаоѓање решенија за тоа како да им се помогне на другите ќе создадат чувство на удобност и општо задоволство, заклучи д-р Хепберн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војните и пандемијата создаваат психоза кај народот

По две години страв и неизвесност околу…

ЛИМОН ВО ГАЗИРАНА ВОДА: Најдобриот напиток за…

Со цел барем делумно да се ослободите…

Зошто кашлицата трае подолго од настинката?

Респираторните инфекции во овој период од годината…