Објавено на:

Во авион ненадејно почина американскиот конгресмен Дон Јанг

t

Американскиот конгресмен Дон Јанг, кој е член на Конгресот од 1973 година, почина вчера додека патуваше дома во Алјаска, соопшти неговиот кабинет.

Наследството на Дон Јанг како борец за државата ќе живее, како и неговата основна добрина и чест. Многу ќе ни недостасува, се вели во соопштението од кабинетот по повод смртта на 88-годишниот републикански конгресмен.

Неговата канцеларија не ја наведе причината за смртта, но малку порано весникот Anchorage Daily News објави дека Јанг изгубил свест на летот од Лос Анџелес до Сиетл и дека не било можно да се реанимира.

Јанг беше единствениот претставник на Алјаска во Конгресот на САД и нејзин член со најдолг стаж.

Неговиот жестоко независен глас за Алјаска, единствената духовитост и карактер ќе недостасуваат, напиша на Твитер Дин Филипс, демократ од Минесота

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Планетата спасена: Вселенското летало на НАСА успешно…

Американската вселенска агенција (НАСА) доцна синоќа со…

Независно судство: САД ја санкционираше шефицата на…

Шефицата на Обвинителството во Босна и Хергцеговина,…

(Видео) Жестоко на трибините: Романците им скандираа…

Немири во Романија: Навивачите скандираа „Србија, Србија“,…

Еврото далеку зад доларот! Курсна листа на…

Според курсната листа на Народната банка на…

(Фото) Кај е Гоце? Нека стане, го…

Вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Бугарија…