Во Берово вчера наврнале 57 литри/м2 дожд

УХМР вчера соопшти дека во невремето во Берово наврнале 57 л/м2 дожд, додека во Охрид, каде исто така имаше силно невреме, наврнале 36 л/м2. Како што наведуваат од УХМР, дадените вредности за количината врнежи се измерени на нивните дождомерните места. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, нагласуваат од таму.
Од пладневните часови имаше локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите беа поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град (Охридско-Струшкиот Регион, Пехчево, Виница, Берово, Тиквешијата, Радовишкиот Регион, Струмичко и Штипско).
До 17 часот дожд врнело и во Пожаране – 24 л/м2, во Струмица седум л/м2,а со помал интензитет и во Крива Паланка, Претор, Демир Капија, Прилеп, Тополчани, Маврови Анови и Штип.
Највисока температура од 33 степени се измерени во Штип, Демир Капија, Кавадарци, Гевгелија, 32 степени во Струмица и велес, 30 во Скопје, 29 во Прилеп, 28 во Берово и Крива Паланка, во Претор 27, во Охрид и Тетово 26, во Крушево и Лазарополе 23, 22 во Маврови Анови и 20 во Попова Шапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Времето денес променливо облачно со услови за…
Променливо облачно, претпладне со услови за локален…
Времето денес променливо облачно, попладне со дожд
Променливо облачно, попладне во западните делови, а…
Денес времето ќе биде сончево и облачно,…
Времето денеска ќе биде сончево со мала…
УХМР: Во следните 24 часа се очекуваат…
Синоптичарите најавуваат дека во следните 24 часа…
Од понеделник стабилизирање на времето
Викендов не очекува облачно и посвежо време…